Евреите 1 MK2006D

Бог ни се објавува преку Синот

1 Бог, Кој во старо време, откако мно­гупати и на многу начини им зборуваше на нашите предци преку пророците,

2 во последниве денови ни зборува преку Синот, Кого Го постави за нас­ледник над сѐ, преку Кого ги создаде и вековите.

3 Тој е одблесок на Божјата слава и отпечаток на Неговата суштина и држи сѐ со Својот моќен збор. Откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна од десната страна на престолот на Се­виш­ниот во висините.

Величието на Божјиот Син

4 И стана толку повозвишен од ан­ге­лите, колку што е пославно името што го наследи, во споредба со нивното.

5 Зашто кому од ангелите Бог некогаш му рекол: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес“, или пак: „Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе ми биде Син?“

6 Исто така, кога Го воведе Пр­во­ро­де­ниот во вселената, рече: „Нека Му се поклонат сите ангели Божји!“

7 За ангелите, пак, речено е: „Ти ги правиш ангелите Свои ветрови, а слу­жителите Свои огнен пламен“,

8 а за Синот: „Твојот престол, Боже, е вечен и жезолот на правдата е жезол на царството Твое.

9 Тебе Ти омиле правдата, а го намра­зи беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста пове­ќе од Твоите придружници.“

10 И пак: „Во почетокот Ти, Господи, си ја основал Земјата, а и небесата се дело на Твоите раце;

11 тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветвеат како облека;

12 ќе ги свиткаш како наметка, како облекло, и тие ќе бидат променети; но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да се свршат.“

13 А на кого од ангелите Бог некогаш му рекол: „Седи од Мојата десна страна додека непријателите Твои не ги пос­та­вам за подножје на нозете Твои?“

14 Нели се тие сите служителски ду­хови, испратени да им служат на оние што ќе го наследат спасението?

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13