Евреите 13 MK2006D

Богоугодно живеење

1 Взаемната љубов нека пребива меѓу вас!

2 Гостољубивоста не запоставувајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели.

3 Помнете ги затворениците, како да сте со нив затворени, и оние што стра­даат, зашто и самите сте во тело.

4 Бракот да се почитува од сите, и брачното легло да се пази неосквернето; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог.

5 Немојте да бидете среброљупци и задоволувајте се со она што го имате. Зашто Тој рекол: „Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам“;

6 така што слободно да велиме: „Гос­под ми е помошник, и нема да се пла­шам; што може да ми направи човек?“

7 Помнете ги и вашите учители, што ви го проповедаа словото Божјо и, имајќи го пред очи исходот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна.

8 Исус Христос е ист вчера, и денес, и во вечни векови.

9 Не бидете завлечени од разни туѓи учења; зашто е добро со благодат да се поткрепува срцето, а не со уредби за јадења, од кои немаа никаква полза оние што ги применуваа.

10 Ние имаме жртвеник од кого не­ма­ат право да јадат оние што ѝ служат на скинијата,

11 бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во светилиштето за очистување на грево­вите, се изгоруваат надвор од живе­алиштето.

12 Затоа и Христос, за да ги освети лу­ѓето со крвта Своја, пострада надвор од градските порти.

13 И така, да Му пристапуваме надвор од живеалиштето, носејќи ја Неговата поруга,

14 бидејќи овде немаме постојан град, туку го очекуваме оној што ќе дојде.

15 Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните што го прославуваат името Негово.

16 А добродетелството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога.

17 Покорувајте им се на учителите ва­ши и бидете им послушни, зашто тие, бидејќи се задолжени да одговараат, бдеат за вашите души, – та со радост тоа да го вршат, а не со воздишки, зашто тоа не е полезно за вас.

18 Молете се за нас, зашто сме уве­ре­ни дека имаме добра совест, грижејќи се во сѐ добро да постапуваме.

19 Уште повеќе ве молам да го вршите ова, та поскоро да се вратам меѓу вас.

Завршна молитва

20 А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го воздигна од мртвите големиот Пастир на овците – нашиот Господ Исус Христос,

21 нека ве усоврши во секое добро дело за да ја исполните Неговата волја, вршејќи го во вас она што Му е Нему благоугодно, преку Исус Христос, Нему слава во вечни векови, Амин!

22 Ве молам, браќа, трпеливо примете го ова поучно слово: зашто накратко и ви напишав и испратив.

23 Знајте дека братот Тимотеј е ослободен, со кого, ако дојде навреме, ќе ве видам.

24 Поздравете ги сите ваши учители и сите светии! Ве поздравуваат браќата што се од Италија.

25 Благодат со сите вас. Амин!

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13