Евреите 8 MK2006D

Исус е нашиот Првосвештеник

1 А најважното од ова што го збору­ва­ме, е дека имаме таков Прво­свештеник, Кој седна од десната страна на престолот на величието на небесата,

2 и е служител на светилиштето и на вистинската скинија, што ја постави Господ, а не човек.

3 Секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви; затоа беше потребно и Тој да има што да принесе.

4 Зашто, ако Тој беше на земјата, не би бил ни свештеник, зашто има свеш­теници што принесуваат дарови по Законот

5 и им служат на образот и на сенката на небесните работи, како што му беше речено на Мојсеј, кога ја подигаше ски­нијата: „Гледај, рече, да направиш сѐ според образецот, што ти беше пока­жан на планината.“

6 А сега Тој доби толку подобра служба, и стана посредник на подобар завет, кој е утврден врз подобри ветувања.

Промена на Заветот

7 Зашто, ако првиот завет беше без недостаток, тогаш немаше да се бара втор.

8 Но, укорувајќи ги, вели: „Ете идат денови, вели Господ, и со домот Изра­илев и со домот Јудин ќе склучам нов завет,

9 но не таков завет каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од земјата египетска, – зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги оставив, вели Господ.

10 Но овој е заветот што ќе му го дадам на домот Израилев во оние дни, вели Господ: ќе ги врежам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.

11 И ниеден нема да го учи својот ближен, и ниеден братот свој: ‚Познај Го Господа‘, зашто сите, од мал до го­лем меѓу нив, ќе Ме знаат,

12 бидејќи ќе бидам милостив кон нивните неправди, а за гревовите и без­за­конијата нивни нема веќе да си спомнувам.“

13 А кога вели „нов завет“, првиот го направи застарен; а она што е старо и застарено, близу е до исчезнување.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13