1 Бог, Кој во старо време, откако многупати и на многу начини им зборуваше на нашите предци преку пророците,
2 во последниве денови ни зборува преку Синот, Кого Го постави за наследник над сѐ, преку Кого ги создаде и вековите.
3 Тој е одблесок на Божјата слава и отпечаток на Неговата суштина и држи сѐ со Својот моќен збор. Откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна од десната страна на престолот на Севишниот во висините.
4 И стана толку повозвишен од ангелите, колку што е пославно името што го наследи, во споредба со нивното.
5 Зашто кому од ангелите Бог некогаш му рекол: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес“, или пак: „Јас ќе Му бидам Татко, а Тој ќе ми биде Син?“
6 Исто така, кога Го воведе Првородениот во вселената, рече: „Нека Му се поклонат сите ангели Божји!“