6 Исто така, кога Го воведе Првородениот во вселената, рече: „Нека Му се поклонат сите ангели Божји!“
7 За ангелите, пак, речено е: „Ти ги правиш ангелите Свои ветрови, а служителите Свои огнен пламен“,
8 а за Синот: „Твојот престол, Боже, е вечен и жезолот на правдата е жезол на царството Твое.
9 Тебе Ти омиле правдата, а го намрази беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста повеќе од Твоите придружници.“
10 И пак: „Во почетокот Ти, Господи, си ја основал Земјата, а и небесата се дело на Твоите раце;
11 тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветвеат како облека;
12 ќе ги свиткаш како наметка, како облекло, и тие ќе бидат променети; но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да се свршат.“