8 а за Синот: „Твојот престол, Боже, е вечен и жезолот на правдата е жезол на царството Твое.
9 Тебе Ти омиле правдата, а го намрази беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста повеќе од Твоите придружници.“
10 И пак: „Во почетокот Ти, Господи, си ја основал Земјата, а и небесата се дело на Твоите раце;
11 тие ќе загинат, Ти остануваш; сите ќе изветвеат како облека;
12 ќе ги свиткаш како наметка, како облекло, и тие ќе бидат променети; но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да се свршат.“
13 А на кого од ангелите Бог некогаш му рекол: „Седи од Мојата десна страна додека непријателите Твои не ги поставам за подножје на нозете Твои?“
14 Нели се тие сите служителски духови, испратени да им служат на оние што ќе го наследат спасението?