1 Бидејќи Законот ја има само сенката на идните добра, а не суштината на работите, никогаш не може со оние исти жртви, што се принесуваат секоја година, да ги усоврши оние кои пристапуваат.
2 Инаку би престанале да се принесуваат, бидејќи оние што служат, еднаш очистени, не ќе имаат веќе никаква свест за гревовите.
3 Но преку жртвите секоја година се потсетуваат на гревовите,
4 бидејќи не е можно телешката и јарешката крв да ги однесе гревовите.
5 Поради тоа, влегувајќи во светот, вели: „Жртви и дарови Ти не посака, а тело Ми приготви.
6 Сепаленици за гревот не Ти се угодни.“