13 и оттогаш чека понатаму додека непријателите Негови не бидат положени како подножје за нозете Негови.
14 Зашто преку едно принесување Тој осветените ги направи засекогаш совршени.
15 И Светиот Дух ни посведочи, зашто, откако порано рече:
16 „Ова е заветот што ќе им го дадам по оние дни, вели Господ: ќе ги вградам законите Свои во срцата нивни, и во мислите нивни ќе ги напишам.“ Тој додава:
17 „И за гревовите и беззаконијата нивни нема веќе да си спомнувам.“
18 А каде што има проштевање за нив, таму веќе нема приноси за грев.
19 И така, браќа, кога имаме слобода да влегуваме во светилиштето преку крвта на Исус Христос по нов и жив пат,