16 „Ова е заветот што ќе им го дадам по оние дни, вели Господ: ќе ги вградам законите Свои во срцата нивни, и во мислите нивни ќе ги напишам.“ Тој додава:
17 „И за гревовите и беззаконијата нивни нема веќе да си спомнувам.“
18 А каде што има проштевање за нив, таму веќе нема приноси за грев.
19 И така, браќа, кога имаме слобода да влегуваме во светилиштето преку крвта на Исус Христос по нов и жив пат,
20 што Тој ни го отвори низ завесата, односно преку Своето тело,
21 имаме Врховен свештеник над домот Божји.
22 Затоа да пристапиме со искрено срце, во полна вера, откако ќе ги очистиме срцата од зла совест со попрскување и откако ќе го измиеме телото со чиста вода.