19 И така, браќа, кога имаме слобода да влегуваме во светилиштето преку крвта на Исус Христос по нов и жив пат,
20 што Тој ни го отвори низ завесата, односно преку Своето тело,
21 имаме Врховен свештеник над домот Божји.
22 Затоа да пристапиме со искрено срце, во полна вера, откако ќе ги очистиме срцата од зла совест со попрскување и откако ќе го измиеме телото со чиста вода.
23 И да го држиме исповеданието на надежта цврсто, зашто верен е Оној Кој се заветувал.
24 И да бидеме внимателни еден кон друг за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела,
25 не изостанувајќи од собранијата како што некои имаат обичај, туку да се поучуваме еден друг, и тоа во толку повеќе, до колку гледате дека се приближува судниот ден.