28 Ако оној што го прекршил Мојсеевиот закон, пред двајца или тројца сведоци безмилосно се казнува со смрт,
29 тогаш, колку ли потешка казна, мислите, ќе заслужи оној што Го погазил Синот Божји и ја осквернил крвта на заветот преку која е осветен и Го похулил Духот на благодатта?
30 Зашто ние Го знаеме Оној што рекол: „Одмаздата е Моја, Јас ќе платам“, вели Господ. И пак: „Господ ќе му суди на Својот народ.“
31 Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог!
32 Потсетувајте се на вашите поранешни денови кога, откако се просветивте, поднесовте голема борба во страдањата,
33 било затоа што бевте изложени на срам и маки, било затоа што станавте соучесници на оние кои исто така страдаа,
34 зашто и на оковите мои се сожаливте и со радост дозволивте вашиот имот да се разграби, знаејќи дека на небесата имате подобар и траен имот.