29 тогаш, колку ли потешка казна, мислите, ќе заслужи оној што Го погазил Синот Божји и ја осквернил крвта на заветот преку која е осветен и Го похулил Духот на благодатта?
30 Зашто ние Го знаеме Оној што рекол: „Одмаздата е Моја, Јас ќе платам“, вели Господ. И пак: „Господ ќе му суди на Својот народ.“
31 Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог!
32 Потсетувајте се на вашите поранешни денови кога, откако се просветивте, поднесовте голема борба во страдањата,
33 било затоа што бевте изложени на срам и маки, било затоа што станавте соучесници на оние кои исто така страдаа,
34 зашто и на оковите мои се сожаливте и со радост дозволивте вашиот имот да се разграби, знаејќи дека на небесата имате подобар и траен имот.
35 И така, не напуштајте ја вашата слобода; таа ви носи голема награда.