36 Најнапред ви е потребно трпение, па, откако ќе ја исполните волјата Божја, да го добиете ветеното;
37 зашто уште малку, сосем малку и „Оној што иде, ќе дојде и нема да задоцни.
38 А праведниот преку верата ќе биде жив; Јас не се радувам за ниеден кој отстапува.“
39 Ние, пак, не сме од оние што отстапуваат и гинат, туку од оние кои веруваат и се спасуваат.