6 Сепаленици за гревот не Ти се угодни.“
7 Тогаш реков: „Ете, идам, напишано е за Мене во книгата, да ја извршам, Боже, волјата Твоја.“
8 Кога погоре рече: „Жртви и дарови и сепаленици за гревот – што се принесуваат според Законот, Ти не посака и не Ти се угодни“,
9 а потоа рече: „Ете, идам, Боже, да ја извршам волјата Твоја“, со тоа Тој го укинува првото, за да го воспостави второто.
10 Според таа волја сме осветени со приносот на телото на Исус Христос еднаш засекогаш.
11 И секој свештеник стои секој ден, служејќи и принесувајќи многупати едни и исти жртви, кои никогаш не можат да ги отстранат гревовите;
12 а Тој, принесувајќи само една жртва за гревовите, засекогаш седна оддесно на Бога,