1 А верата е подлога за увереноста во она на кое се надеваме – убеденост во она што не се гледа.
2 Преку неа постарите добија сведоштво.
3 Преку верата разбираме дека вековите се создадени со Божји збор и дека од невидливото произлегло видливото.
4 Со вера Авел Му принесе на Бога подобра жртва, од Каиновата; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи за неговите дарови; преку неа, иако мртов, тој уште зборува.
5 Преку вера Енох беше преселен за да не види смрт; и не се најде, бидејќи Бог го пресели. Зашто пред преселувањето тој доби сведоштво дека Му угодил на Бога.