30 Преку вера паднаа ѕидовите на Ерихон, откако беа обиколувани цели седум дена.
31 Со вера блудницата Раав не загина заедно со неверниците откако благонаклоно ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат.
32 И што уште да кажам? Зашто не ќе имам доволно време да кажувам за Гедеон, Варак, Самсон и Јефтај, за Давид и Самоил и другите пророци,
33 кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, затворија усти на лавови;
34 угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски;
35 жени примија свои умрени воскреснати; други, пак, беа мачени и „не прифатија да бидат ослободени“, за да добијат подобро воскресение;
36 а други поднесоа подигрување и камшикување, па дури и окови и затвор;