35 жени примија свои умрени воскреснати; други, пак, беа мачени и „не прифатија да бидат ослободени“, за да добијат подобро воскресение;
36 а други поднесоа подигрување и камшикување, па дури и окови и затвор;
37 со камења беа убивани, со пила сечени, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам –
38 тие, за кои светот беше недостоен – скитаа по пустини, по ридови, по пештери и јами во земјата.
39 И сите тие, иако примија сведоштво преку верата, сепак не го добија ветеното,
40 зашто Бог предвиде нешто подобро, та тие без нас да не примат совршенство.