7 Преку вера Ное, откако беше предупреден за она што уште не се гледаше, со послушност го направи ковчегот за да го спаси својот дом. Со тоа тој го осуди светот и стана наследник на праведноста по вера.
8 Со вера Авраам, кога беше повикан, послуша да појде во местото што требаше да го добие во наследство, и тргна, не знаејќи каде оди.
9 Со вера се всели Авраам во ветената земја како туѓинец и живееше под шатори со Исак и Јаков, наследници на истото ветување;
10 зашто тој го очекуваше оној град што има основи, чиј градител и творец е Бог.
11 Преку вера и самата Сара – иако беше неплодна, доби сила да зачне и, покрај возраста нејзина, роди, зашто Го сметаше за верен Оној Кој беше ветил.
12 И така од еден, и тоа остарен, се родија толку многу, колку што се ѕвездите на небото, и колку што е безбројниот песок на морскиот брег.
13 Сите тие умреа со вера, не добивајќи ги ветувањата, а само оддалеку ги видоа и ги поздравија, признавајќи дека се гости и придојдени.