Евреите 12:11-17 MK2006D

11 Секоја казна во почетокот не се покажува дека е за радост, туку за жа­лост; но потоа на оние што ќе се поучат од неа таа ќе им принесе мирен род на праведност.

12 Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена“,

13 и со нозете свои „Направете си прави патеки“, та, она што е кусо, да не се повреди, туку поскоро да се исцели.

14 Трудете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да Го види Господа:

15 гледајќи, да не би некој да се лиши од Божјата благодат, да не би некој гор­члив корен, штом изникне, да направи штета, и преку него да се осквернат мнозина;

16 да не би меѓу вас да има некој блудник, или нечестив како Исав, кој за една манџа се откажа од своето право на првородство.

17 Зашто знаете дека тој и отпосле, сакајќи да го наследи благословот, беше отфрлен, бидејќи не најде место за покајание, иако го беше молел дури со солзи.