12 Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена“,
13 и со нозете свои „Направете си прави патеки“, та, она што е кусо, да не се повреди, туку поскоро да се исцели.
14 Трудете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да Го види Господа:
15 гледајќи, да не би некој да се лиши од Божјата благодат, да не би некој горчлив корен, штом изникне, да направи штета, и преку него да се осквернат мнозина;
16 да не би меѓу вас да има некој блудник, или нечестив како Исав, кој за една манџа се откажа од своето право на првородство.
17 Зашто знаете дека тој и отпосле, сакајќи да го наследи благословот, беше отфрлен, бидејќи не најде место за покајание, иако го беше молел дури со солзи.
18 Вие не пристапивте кон планината што може да се опипа и кон разгорениот оган, кон облакот, и темнината, и луњата,