Евреите 12:13-19 MK2006D

13 и со нозете свои „Направете си прави патеки“, та, она што е кусо, да не се повреди, туку поскоро да се исцели.

14 Трудете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да Го види Господа:

15 гледајќи, да не би некој да се лиши од Божјата благодат, да не би некој гор­члив корен, штом изникне, да направи штета, и преку него да се осквернат мнозина;

16 да не би меѓу вас да има некој блудник, или нечестив како Исав, кој за една манџа се откажа од своето право на првородство.

17 Зашто знаете дека тој и отпосле, сакајќи да го наследи благословот, беше отфрлен, бидејќи не најде место за покајание, иако го беше молел дури со солзи.

18 Вие не пристапивте кон планината што може да се опипа и кон разгорени­от оган, кон облакот, и темнината, и луњата,

19 и кон трубниот звук, и кон гласот што зборуваше, чии слушачи молеа да не им се зборува веќе,