Евреите 12:22-28 MK2006D

22 Но вие пристапивте кон Сион и градот на живиот Бог, небесниот Еру­са­лим, и кон безбројните ангели, на све­че­ниот собор,

23 кон собранието на првородените, кои се запишани на небесата, и кон Бо­га, Судијата на сите, и кон духовите на праведниците, што достигнаа совр­шен­ство,

24 и кон Исус, Посредникот на Новиот завет, и кон крвта за попрскување, која подобро зборува од Авеловата.

25 Гледајте да не Го отфрлите Оној Кој зборува. Зашто, ако не останаа неказнети оние, што откажаа да му слу­жат на оној што зборуваше на земјата, а колку повеќе ние, кои Го отфрламе Оној, Кој зборува од небесата

26 Чиј глас тогаш ја потресе земјата, а Кој сега ветува, зборувајќи: „Уште еднаш Јас ќе ја потресам не само земјата, туку и небото.“

27 Зборовите „уште еднаш“ озна­чу­ваат дека колебливото ќе се отстрани, та да остане само непоколебливото.

28 И така, примајќи го непоколебливо­то царство, да искажеме благодарност со која ќе Му служиме на Бога благо­угодно со почит и во страв,