3 Мислете на Оној Кој од грешниците претрпе над Себеси таква поруга, та да не ви дотегне, и да не станете малодушни!
4 Во борбата против гревот уште не сте се противеле до крв.
5 И сте ја заборавиле утехата која вам, како на синови ви зборува: „Сине мој, не презирај ја казната од Господ и не биди малодушен кога те казнува,
6 зашто Господ го казнува оној кого што го сака; го кара секој син што го прима.“
7 Ако трпите казна, Бог со вас постапува како со синови. Зашто кој е тој син кого таткото не го казнува?
8 Ако, пак, останете без казна, во која сите станаа соучесници, тогаш сте деца незаконски, а не синови.
9 Ако се плашиме од нашите татковци кога нѐ казнуваат, тогаш колку повеќе треба да Му се покориме на Отецот на духовите, па да бидеме живи?