7 Ако трпите казна, Бог со вас постапува како со синови. Зашто кој е тој син кого таткото не го казнува?
8 Ако, пак, останете без казна, во која сите станаа соучесници, тогаш сте деца незаконски, а не синови.
9 Ако се плашиме од нашите татковци кога нѐ казнуваат, тогаш колку повеќе треба да Му се покориме на Отецот на духовите, па да бидеме живи?
10 Зашто тие нѐ казнуваат за кратко време, како што им се чинело најдобро; а Тој – за полза, та да учествуваме во Неговата светост.
11 Секоја казна во почетокот не се покажува дека е за радост, туку за жалост; но потоа на оние што ќе се поучат од неа таа ќе им принесе мирен род на праведност.
12 Затоа „исправете ги премалените раце и ослабените колена“,
13 и со нозете свои „Направете си прави патеки“, та, она што е кусо, да не се повреди, туку поскоро да се исцели.