11 бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во светилиштето за очистување на гревовите, се изгоруваат надвор од живеалиштето.
12 Затоа и Христос, за да ги освети луѓето со крвта Своја, пострада надвор од градските порти.
13 И така, да Му пристапуваме надвор од живеалиштето, носејќи ја Неговата поруга,
14 бидејќи овде немаме постојан град, туку го очекуваме оној што ќе дојде.
15 Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните што го прославуваат името Негово.
16 А добродетелството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога.
17 Покорувајте им се на учителите ваши и бидете им послушни, зашто тие, бидејќи се задолжени да одговараат, бдеат за вашите души, – та со радост тоа да го вршат, а не со воздишки, зашто тоа не е полезно за вас.