13 И така, да Му пристапуваме надвор од живеалиштето, носејќи ја Неговата поруга,
14 бидејќи овде немаме постојан град, туку го очекуваме оној што ќе дојде.
15 Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните што го прославуваат името Негово.
16 А добродетелството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога.
17 Покорувајте им се на учителите ваши и бидете им послушни, зашто тие, бидејќи се задолжени да одговараат, бдеат за вашите души, – та со радост тоа да го вршат, а не со воздишки, зашто тоа не е полезно за вас.
18 Молете се за нас, зашто сме уверени дека имаме добра совест, грижејќи се во сѐ добро да постапуваме.
19 Уште повеќе ве молам да го вршите ова, та поскоро да се вратам меѓу вас.