16 А добродетелството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога.
17 Покорувајте им се на учителите ваши и бидете им послушни, зашто тие, бидејќи се задолжени да одговараат, бдеат за вашите души, – та со радост тоа да го вршат, а не со воздишки, зашто тоа не е полезно за вас.
18 Молете се за нас, зашто сме уверени дека имаме добра совест, грижејќи се во сѐ добро да постапуваме.
19 Уште повеќе ве молам да го вршите ова, та поскоро да се вратам меѓу вас.
20 А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го воздигна од мртвите големиот Пастир на овците – нашиот Господ Исус Христос,
21 нека ве усоврши во секое добро дело за да ја исполните Неговата волја, вршејќи го во вас она што Му е Нему благоугодно, преку Исус Христос, Нему слава во вечни векови, Амин!
22 Ве молам, браќа, трпеливо примете го ова поучно слово: зашто накратко и ви напишав и испратив.