7 Помнете ги и вашите учители, што ви го проповедаа словото Божјо и, имајќи го пред очи исходот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна.
8 Исус Христос е ист вчера, и денес, и во вечни векови.
9 Не бидете завлечени од разни туѓи учења; зашто е добро со благодат да се поткрепува срцето, а не со уредби за јадења, од кои немаа никаква полза оние што ги применуваа.
10 Ние имаме жртвеник од кого немаат право да јадат оние што ѝ служат на скинијата,
11 бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во светилиштето за очистување на гревовите, се изгоруваат надвор од живеалиштето.
12 Затоа и Христос, за да ги освети луѓето со крвта Своја, пострада надвор од градските порти.
13 И така, да Му пристапуваме надвор од живеалиштето, носејќи ја Неговата поруга,