3 како ли тогаш ќе се извлечеме ако занемариме такво големо спасение кое, најнапред проповедано од Господа, се потврди од оние што го беа чуле од Него,
4 кога и Бог им го потврди сведоштвото со знаци и чудеса, со разни силни дела и со раздавање дарови преку Светиот Дух по Негова волја.
5 Зашто Бог не им ја потчини на ангелите идната вселена за која зборуваме,
6 туку, напротив – некој посведочил зборувајќи: „Што е човекот да мислиш на него, синот човечки, та да се грижиш за него?
7 Си го направил за кратко малку подолен од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце;
8 сѐ си потчинил под нозете негови.“ А кога сѐ му потчини, ништо не му остави непотчинето; но сега уште не гледаме дека сѐ му е потчинето.
9 А гледаме дека Исус Христос, Кој за кратко време беше поставен пониско од ангелите, поради претрпената смрт беше овенчан со слава и чест, та, по Божјата благодат, Тој да вкуси смрт за сите.