Евреите 2:6-12 MK2006D

6 туку, напротив – некој посведочил зборувајќи: „Што е човекот да мислиш на него, синот човечки, та да се грижиш за него?

7 Си го направил за кратко малку по­долен од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце;

8 сѐ си потчинил под нозете негови.“ А кога сѐ му потчини, ништо не му ос­тави непотчинето; но сега уште не гле­даме дека сѐ му е потчинето.

9 А гледаме дека Исус Христос, Кој за кратко време беше поставен пониско од ангелите, поради претрпената смрт беше овенчан со слава и чест, та, по Божјата благодат, Тој да вкуси смрт за сите.

10 Зашто Му прилегаше на Оној, по­ради Кого е сѐ и од Кого е сѐ, при донесувањето на многубројните чеда во сла­ва, преку страдања да го усоврши За­четникот на нивното спасение.

11 Бидејќи и Оној што осветува, и оние што се осветуваат, сите се од Еден; и за­тоа Исус не се срамува да ги нарече браќа, велејќи:

12 „Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, среде собранието ќе Те славам.“