Евреите 2:9-15 MK2006D

9 А гледаме дека Исус Христос, Кој за кратко време беше поставен пониско од ангелите, поради претрпената смрт беше овенчан со слава и чест, та, по Божјата благодат, Тој да вкуси смрт за сите.

10 Зашто Му прилегаше на Оној, по­ради Кого е сѐ и од Кого е сѐ, при донесувањето на многубројните чеда во сла­ва, преку страдања да го усоврши За­четникот на нивното спасение.

11 Бидејќи и Оној што осветува, и оние што се осветуваат, сите се од Еден; и за­тоа Исус не се срамува да ги нарече браќа, велејќи:

12 „Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, среде собранието ќе Те славам.“

13 И пак: „Јас ќе се надевам на Него.“ И одново: „Ете Ме Мене и децата Мои што Ми ги даде Бог.“

14 А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, така и Тој зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот;

15 па да ги ослободи оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство.