Евреите 4:10-16 MK2006D

10 Зашто, кој ќе влезе во спокојот Не­гов, тој ќе се одмора од делата свои, ка­ко и Бог од Своите.

11 И така, да се погрижиме да влеземе во оној спокој, та да не би некој да падне во слична непослушност.

12 Зашто, словото Божјо е живо и деј­ствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозо­кот, и ги проценува мислите и намерите на срцето.

13 И нема создание сокриено за Него, туку сѐ е голо и откриено за очите на Оној пред Кого ние ќе одговараме.

14 Имајќи Го големиот Првосвеште­ник Кој преминал преку небесата, Исус, Синот Божји, ние треба да се држиме за исповедувањето на верата.

15 Зашто, ние немаме таков Прво­свештеник, што не може да сочувствува во нашите слабости, туку таков Кој ис­кусил сѐ како и ние, освен грев.

16 И така, слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да при­миме милост и да најдеме благодат за благовремена помош.