Евреите 4:2-8 MK2006D

2 Зашто и нам ни се соопшти, како и ним. Но словото, што го беа чуле, не им донесе полза, бидејќи оние што го беа чуле не поверуваа.

3 А ние, кои поверувавме, влегуваме во Неговиот спокој, како што рекол Тој: „Затоа се заколнав во гневот Свој дека тие нема да влезат во Мојот спо­кој“, иако Неговите дела беа завршени уште при создавањето на светот.

4 Зашто негде за седмиот ден е речено вака: „И во седмиот ден Бог се одмори од сите Свои дела.“

5 И на тоа место пак: „Не ќе влезат во спокојот Мој.“

6 И така, на некои им се отвори да влезат во него, а оние, на кои им беше порано проповедано Евангелието, не влегоа поради непослушност;

7 Затоа Тој пак определи еден ден „Денес“, велејќи преку Давид, по толку време, како што е речено погоре: „Де­нес, кога ќе го чуете гласот Негов, не стврднувајте ги срцата ваши.“

8 Зашто, ако Исус Навин им беше дал спокој, Бог немаше да зборува веќе по­тоа за друг ден.