5 И на тоа место пак: „Не ќе влезат во спокојот Мој.“
6 И така, на некои им се отвори да влезат во него, а оние, на кои им беше порано проповедано Евангелието, не влегоа поради непослушност;
7 Затоа Тој пак определи еден ден „Денес“, велејќи преку Давид, по толку време, како што е речено погоре: „Денес, кога ќе го чуете гласот Негов, не стврднувајте ги срцата ваши.“
8 Зашто, ако Исус Навин им беше дал спокој, Бог немаше да зборува веќе потоа за друг ден.
9 Но, за народот Божји сѐ уште останува саботна починка.
10 Зашто, кој ќе влезе во спокојот Негов, тој ќе се одмора од делата свои, како и Бог од Своите.
11 И така, да се погрижиме да влеземе во оној спокој, та да не би некој да падне во слична непослушност.