Евреите 4:7-13 MK2006D

7 Затоа Тој пак определи еден ден „Денес“, велејќи преку Давид, по толку време, како што е речено погоре: „Де­нес, кога ќе го чуете гласот Негов, не стврднувајте ги срцата ваши.“

8 Зашто, ако Исус Навин им беше дал спокој, Бог немаше да зборува веќе по­тоа за друг ден.

9 Но, за народот Божји сѐ уште ос­та­нува саботна починка.

10 Зашто, кој ќе влезе во спокојот Не­гов, тој ќе се одмора од делата свои, ка­ко и Бог од Своите.

11 И така, да се погрижиме да влеземе во оној спокој, та да не би некој да падне во слична непослушност.

12 Зашто, словото Божјо е живо и деј­ствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозо­кот, и ги проценува мислите и намерите на срцето.

13 И нема создание сокриено за Него, туку сѐ е голо и откриено за очите на Оној пред Кого ние ќе одговараме.