9 Но, за народот Божји сѐ уште останува саботна починка.
10 Зашто, кој ќе влезе во спокојот Негов, тој ќе се одмора од делата свои, како и Бог од Своите.
11 И така, да се погрижиме да влеземе во оној спокој, та да не би некој да падне во слична непослушност.
12 Зашто, словото Божјо е живо и дејствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето.
13 И нема создание сокриено за Него, туку сѐ е голо и откриено за очите на Оној пред Кого ние ќе одговараме.
14 Имајќи Го големиот Првосвештеник Кој преминал преку небесата, Исус, Синот Божји, ние треба да се држиме за исповедувањето на верата.
15 Зашто, ние немаме таков Првосвештеник, што не може да сочувствува во нашите слабости, туку таков Кој искусил сѐ како и ние, освен грев.