3 и затоа е должен како за народот, така исто и за своите гревови да принесува жртви.
4 И никој сам не се здобил со таква чест, туку само оној кој е повикан од Бога, како што беше Арон.
5 Така и Христос не се прослави Сам Себеси, станувајќи првосвештеник, туку Го прослави Оној Кој Му рече: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес.“
6 Како што е и на друго место речено: „Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.“
7 Во деновите на Својот земен живот, Тој со силен вик и солзи упати молби и молитви кон Оној Кој можеше да Го спаси од смртта и поради Својата потчинетост од почит беше чуен.
8 Иако беше Син, Тој се научи на послушност од она што го пострада,
9 а, откако се усоврши, стана извор за вечно спасение на сите оние кои Му се послушни,