6 Како што е и на друго место речено: „Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.“
7 Во деновите на Својот земен живот, Тој со силен вик и солзи упати молби и молитви кон Оној Кој можеше да Го спаси од смртта и поради Својата потчинетост од почит беше чуен.
8 Иако беше Син, Тој се научи на послушност од она што го пострада,
9 а, откако се усоврши, стана извор за вечно спасение на сите оние кои Му се послушни,
10 и од Бога беше наречен Првосвештеник по чинот Мелхиседеков.
11 За ова би имале многу да ви зборуваме, што е и тешко да се толкува, бидејќи тешко сфаќате.
12 Зашто, иако според годините вие требаше веќе да бидете учители, вие сѐ уште имате потреба некој да ве учи кои се првите начела на словото Божјо, и дојдовте до таква состојба, што имате потреба од млеко, а не од тврда храна.