10 Зашто Бог не е неправеден, та да го заборави делото ваше и трудот на љубовта што ги покажавте во Негово име, откако им послуживте и им служите на светиите.
11 А ние сакаме секој од вас да ја покажува истата усрдност за одржување на полната надеж докрај,
12 та да не станете мрзливи, туку да ги следите оние кои преку вера и трпение ги добиваат ветувањата.
13 Бог, кога му ветуваше на Авраам, бидејќи немаше ништо поголемо во што би се заколнал, се заколна во Себе,
14 велејќи: „Навистина ќе те благословам и ќе те размножам и преумножам.“
15 И така, со долготрпение тој го доби ветеното.
16 Луѓето, пак, се колнат во погорно од себеси, и заклетвата како потврда на секоја нивна препирка става крај.