13 Бог, кога му ветуваше на Авраам, бидејќи немаше ништо поголемо во што би се заколнал, се заколна во Себе,
14 велејќи: „Навистина ќе те благословам и ќе те размножам и преумножам.“
15 И така, со долготрпение тој го доби ветеното.
16 Луѓето, пак, се колнат во погорно од себеси, и заклетвата како потврда на секоја нивна препирка става крај.
17 Затоа Бог, кога на наследниците на ветувањето сакаше јасно да им ја покаже Својата неизменлива волја, посведочи со клетва,
18 та преку две неизменливи работи, во кои не е можно Бог да излаже, да имаме голема утеха и ние, кои прибегнуваме да се прифатиме за надежта што ни е дадена,
19 а која е за нашата душа цврста и сигурна котва, и кој влегува дури зад завесата,