2 науката за крштевањето, ракополагањето, воскресението на мртвите и вечниот суд.
3 И ова ќе го направиме, ако допушти Бог.
4 Зашто оние кои еднаш се просветија, вкусија од небесниот дар, станаа учесници на Светиот Дух,
5 и, откако вкусија од убавата Божја реч и од силите на идниот век,
6 а потоа отпаднаа, – не е можно повторно да бидат обновени за покајание, кога повторно во себеси Го распнуваат Синот Божји и Го хулат.
7 Зашто земјата, која го впива дождот што често паѓа на неа и раѓа плод добар за оние што ја обработуваат, од Бога добива благослов;
8 а онаа што дава трње и боцки, таа е непотребна и близу е до проклетството кое завршува со изгорување.