Евреите 7:2-8 MK2006D

2 кому и Авраам му даде десеток од сѐ, и кој по значењето на името негово е прво цар на правдата, а потоа и цар на Салим, односно цар на мирот.

3 Без татко, без мајка, без род, немаше ниту почеток на дните, ниту крај на жи­вотот и, по таков начин, е подобен на Синот Божји, и останува вечен свеш­теник.

4 Гледате ли колку е голем оној кому прататкото Авраам му даде десеток од најдобриот плен!

5 Оние од Левиевите синови, што примаат свештенство, имаат заповед да земаат по Законот десеток од народот, односно од браќата свои, иако и тие произлегле од бедрата Авраамови.

6 Но тој, кој не му припаѓаше на на­шиот род, зеде десеток од Авраам и го благослови оној што беше примил ветувања.

7 Не може да има никаков спор дека помалиот се благословува од поголе­ми­от.

8 Така, овде смртни луѓе земаат десетоци, а таму – Оној, за Кого има све­доштво дека е жив.