Евреите 7:21-27 MK2006D

21 Зашто оние беа станале свештеници без заклетва, а Тој – со заклетва, преку Оној Кој Му рече: „Се заколна Господ и нема да се раскае: ,Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.‘“

22 Затоа Исус стана залог на толку подобар завет.

23 А тие беа многу свештеници, зашто смртта не им даваше да остане само еден;

24 а Тој, бидејќи живее вечно, има свештенство што нема да мине на друг.

25 Затоа Тој и може за вечно да ги спаси оние што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив.

26 Таков Првосвештеник и ни тре­ба­ше: свет, непорочен, неосквернет, од­во­ен од грешниците и возвишен над небесата.

27 Кој нема потреба, како и другите првосвештеници, секојдневно да принесува жртва прво за гревовите свои, а потоа и за оние на народот, бидејќи Тој го изврши тоа еднаш засекогаш, откако Сам Себе се принесе како жртва.