1 А најважното од ова што го зборуваме, е дека имаме таков Првосвештеник, Кој седна од десната страна на престолот на величието на небесата,
2 и е служител на светилиштето и на вистинската скинија, што ја постави Господ, а не човек.
3 Секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви; затоа беше потребно и Тој да има што да принесе.
4 Зашто, ако Тој беше на земјата, не би бил ни свештеник, зашто има свештеници што принесуваат дарови по Законот
5 и им служат на образот и на сенката на небесните работи, како што му беше речено на Мојсеј, кога ја подигаше скинијата: „Гледај, рече, да направиш сѐ според образецот, што ти беше покажан на планината.“