3 Секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви; затоа беше потребно и Тој да има што да принесе.
4 Зашто, ако Тој беше на земјата, не би бил ни свештеник, зашто има свештеници што принесуваат дарови по Законот
5 и им служат на образот и на сенката на небесните работи, како што му беше речено на Мојсеј, кога ја подигаше скинијата: „Гледај, рече, да направиш сѐ според образецот, што ти беше покажан на планината.“
6 А сега Тој доби толку подобра служба, и стана посредник на подобар завет, кој е утврден врз подобри ветувања.
7 Зашто, ако првиот завет беше без недостаток, тогаш немаше да се бара втор.
8 Но, укорувајќи ги, вели: „Ете идат денови, вели Господ, и со домот Израилев и со домот Јудин ќе склучам нов завет,
9 но не таков завет каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од земјата египетска, – зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги оставив, вели Господ.