1 Така и во првиот завет имаше уредби за богослужение и земно светилиште;
2 зашто скинијата беше направена вака: во првиот дел се наоѓаа светилникот, трпезата и изложените лебови; тој дел е наречен „Свето Место“.
3 А зад втората завеса од скинијата беше делот, наречен „Светиња над светињите“;
4 во неа се наоѓаше златната кадилница и од сите страни опкован со злато ковчегот на заветот, во кој стоеја златниот сад со мана и расцутениот жезол на Арон, како и плочите на заветот,
5 а над него – херувими на славата, што го осенуваа чистилиштето; за ова сега нема потреба да се зборува поопширно.