12 ниту со крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп.
13 Зашто, ако крвта на јунче и јарец, и пепелта од јуница преку попрскување ги осветуваат осквернетите за очистување на телото,
14 тогаш, колку ли повеќе крвта на Христос, Кој преку Светиот Дух се принесе Себе на Бога непорочен, ќе ја очисти совеста наша од мртви дела за да Му служиме на живиот Бог.
15 Затоа е Тој посредник на новиот завет, та по Неговата смрт, што стана за откуп на престапите од времето на првиот завет, призваните да го добијат ветеното вечно наследство.
16 Зашто, каде што има завет, таму е неопходно да следува смртта на заветувачот,
17 бидејќи заветот добива сила само по смртта; тој нема никаква сила додека заветувачот е жив.
18 Поради тоа ни првиот завет не беше утврден без крв.