Евреите 9:13-19 MK2006D

13 Зашто, ако крвта на јунче и јарец, и пепелта од јуница преку попрскување ги осветуваат осквернетите за очистување на телото,

14 тогаш, колку ли повеќе крвта на Христос, Кој преку Светиот Дух се принесе Себе на Бога непорочен, ќе ја очисти совеста наша од мртви дела за да Му служиме на живиот Бог.

15 Затоа е Тој посредник на новиот за­вет, та по Неговата смрт, што стана за откуп на престапите од времето на пр­виот завет, призваните да го добијат ве­теното вечно наследство.

16 Зашто, каде што има завет, таму е неопходно да следува смртта на заветувачот,

17 бидејќи заветот добива сила само по смртта; тој нема никаква сила додека заветувачот е жив.

18 Поради тоа ни првиот завет не беше утврден без крв.

19 Зашто Мојсеј, откако ги прочита сите заповеди од Законот пред сиот на­род, зеде крв телешка и јарешка со во­да, и со црвена волна и со исоп ја по­ро­си како самата книга, така и сиот народ,