15 Затоа е Тој посредник на новиот завет, та по Неговата смрт, што стана за откуп на престапите од времето на првиот завет, призваните да го добијат ветеното вечно наследство.
16 Зашто, каде што има завет, таму е неопходно да следува смртта на заветувачот,
17 бидејќи заветот добива сила само по смртта; тој нема никаква сила додека заветувачот е жив.
18 Поради тоа ни првиот завет не беше утврден без крв.
19 Зашто Мојсеј, откако ги прочита сите заповеди од Законот пред сиот народ, зеде крв телешка и јарешка со вода, и со црвена волна и со исоп ја пороси како самата книга, така и сиот народ,
20 велејќи: „Ова е крвта на заветот што ви го одреди Бог.“
21 Исто така со крв ги попрска и светилиштето и сите садови за служење на Бога.