18 Поради тоа ни првиот завет не беше утврден без крв.
19 Зашто Мојсеј, откако ги прочита сите заповеди од Законот пред сиот народ, зеде крв телешка и јарешка со вода, и со црвена волна и со исоп ја пороси како самата книга, така и сиот народ,
20 велејќи: „Ова е крвта на заветот што ви го одреди Бог.“
21 Исто така со крв ги попрска и светилиштето и сите садови за служење на Бога.
22 И речиси сѐ според Законот со крв се очистуваше, и без пролевање крв нема проштевање.
23 И така, образите небесни требаше да се очистат на таков начин, а самото небесно со подобри жртви од овие.
24 Зашто Христос не влезе во ракотворено светилиште, кое е само образец на вистинското, туку во самото небо, за да се јави сега пред лицето на Бога за нас;